| четврток, 6 декември 2018 |

Изложбата „Косовскиот модернизам-архитектонски буквар“ во Музеј на град Скопје

Музеј на град Скопје во соработка со авторите на изложбата проф.Илир Гјиноли и проф.Лулзим Кабаши, пред македонската јавност ја претставува изложбата Косовскиот модернизам-архитектонски буквар.

Изложбата Косовскиот Модернизам презентира дел од архитектурата и урбанизмот на еден период од развојот на Косово, во еден поширок регионален контекст во бивша Југославија. Периодот од таканаречениот „социјалистички модернизам“ на бившата СФРЈ, за Косово не беше само една трансформација во контекст на развојот на архитектурата на градот, туку тој го означува и почетокот на урбанистичката и архитектонската дејност на еден организиран начин, вклучувајќи тука и квалификација на архитекти во различни школи на бивша Југославија и создавање на косовското архитектонско школо на крајот на 70-тите години на 20-иот век. Архитектурата од овој период се уште не е валоризирана како што треба и често пати таа е поценета, иако за Косово но и за регионот таа означува една многу значајна културна подлога, на еден доста значаен период на општествениот развој, без да се земе во обзир дека многу од авторите не се од Косово.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top