-Нема да учествуваме во менување на Уставот, немате двотретинско мнозинство – му порача експретседателот на Собранието, Трајко Велјаноски на премиерот Зоран Заев и ја напушти салата на Комисијата за уставни прашања.Тој рече дека тесен владин круг брзал да склучи штетен договор со Грција без да ги вклучи опозицијата и експертите.
-Наместо за повисоки плати и пензии, Владата реши да се занимава со менување на Уставот и името на државата. Договорот со Грција, овој тесен владин круг го претставува како национален интерес, но тоа бара консензус, а ни еден опозициски пратеник или коалиција не беше вклучен во тие тајни преговарања. Пред да се потпише договорот немаше ниту јавна дебата, експерти, па дури и претседателот на државата беше исклучен од преговорите и потпишувањето на штетниот договор со Грција. Со тоа ги потценија граѓаните.Наместо консензус создаде поларизација на граѓаните. Создаде чувство на потчинетост на друга држава и дека е туѓо решение – рече Велјаноски.
Тој додаде дека граѓаните на референдумот го отфрлиле договорот.
-Се случи 30 септември кога со пасивност и неизлагање народот ја победи пропагандата на власта. Тоа е имепратив, задолжителна обврска за Собранието и за сите. Немаме мандат да ја менуваме одлуката на народот. Немаме намера да учествуваме во обидот за менување на Уставот. Слободно продолжете во благопријатна атмосфера ако сакате, ама да знаете дека немате двотретинско мнозинство за менување на Уставот- додаде тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Членовите на ВМРО – ДПМНЕ ја напуштија седницата за одземање на мандатот на Груевски
-
Вељаноски и Димитриев ќе ги контролираат УБК и прислушувањето
-
Вељановски: Тој ден пречувствував дека одредени работи ќе се случат, особено по најавите на Заев
-
Вељаноски со честитка: Искрено да веруваме во нашата сплотеност и да сме цврсто обединети во нашите цели