Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска усвои Одлука со која беа именувани претседатели, заменици претседатели, членови и нивни заменици на собраниските комисии.
За претседател на Комисијата за уставни прашања е именуван Талат Џафери, на Комисијата за одбрана и безбедност Максим Димитриевски, на Комисијата за надворешна политика Антонијо Милошовски, а на Комисијата за европски прашања Артан Груби,
Претседател на Комисијата за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање и Агенцијата за разузунавање е Трајко Вељановски, а на Комисијата за надзор на спроведување на посебни истражни мерки и следење на комуникации од страна на Министерството за внатрешни работи и Управата за финансиска полиција, Царинска управа и Министерство за одбрана Емил Димитриев.
Со Комисијата за финансирање и буџет ќе раководи Лилјана Кузмановска, а со комисиите за економски прашања Горан Милевски, за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски, за транспорт, врски и екологија Лилјана Затуроска, за култура Ирена Стефоска, за здравство Мирсада Емине Асани, за труд и социјална политика Владимир Ѓорчев, за локална самоуправа Џеват Адеми, за еднакви можности на жените и мажите Даниела Рангелова, а на Комисијата за деловничко и мандатно имунтетни прашања Павле Богоевски.
Комисијата за избори именувања, како што рече претседателот Илија Димовски, во овој момент не може до Собранието да достави предлог за претседател на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, заради тоа што се уште не е добиен официјален предлог од пратеничката група на Движењето Беса.
По забелешките од пратеникот од Движењето БЕСА Зеќирија Ибрахими, претседателот на Комисијата Илија Димовски рече дека се направени технички пропусти во поставувањето на членовите во комисиите. БЕСА, како што рече Димовски, ќе треба да ги пополни имињата на членовите во Комисијата за одбрана и безбедност под реден број 6, како и замениците членови во Комисијата за локална самоуправа под реден број два.
Пратеникот Ибрахими образложи дека денеска ги повлекле имињата од комисиите од начелни причини.
– Побаравме при координацијата да се договориме и за неколку други прашања, но другите пратенички групи не се согласија. Го поднесовме прашањето за потпретседателите на Собранието и членовите на Комистетот за меѓуетнички односи, всушност не се согласуваме ниту со начинот како се имаат договорено другите, а на нас ни преостана да избереме само меѓу двете комисии. Во знак на револт за состојбата која, според нас, е некоректна проценивме дека денеска не треба да ги поднесеме предложените имиња за членови на комисијата од редовите на БЕСА, рече Ибрахими.
На седницата на предлог на пратеничката група на социјалдемократите беше донесена одлука со која се направија измени во составот на Комисијата за прашања на изборите и именувањата. На местото на членот во оваа Комисија Дамјан Манчевски е именуван пратеникот од социјалдемократите Стефан Богоев, кој пак на местото заменик член ќе го менува пратеникот Максим Димитриевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Членовите на ВМРО – ДПМНЕ ја напуштија седницата за одземање на мандатот на Груевски
-
Вељановски: Нема да учествуваме во менување на Уставот, немате двотретинско мнозинство
-
Вељановски: Тој ден пречувствував дека одредени работи ќе се случат, особено по најавите на Заев
-
Вељаноски со честитка: Искрено да веруваме во нашата сплотеност и да сме цврсто обединети во нашите цели