Изразувам големо жалење за она што се случи во четвртокот после завршувањето на седницата, во тој момент јас бев во мојот кабинет и во тие два часа имаше страшно големи случувања и во мојот кабинет и нормално во салата 34 која е прес центарот, но морам да кажам дека најголемите случувања се одвиваа пред мојот кабинет и пред салата 34, вели Трајко Вељановски, за вестите на телевизија Сител.
– Министерството за внатрешни работи е одговорно во однос на обезбедувањето на Собранието и тие можат потполно да одговорат на сите прашања и жалам за тоа што се лсучи и веројатно имало големи пропусти и затоа жалам за тоа. Тој ден јас пречувствував дека одредени работи ќе се случат, поготово што гопсодинот Зоран Заев зема процедурално и го искажа ставот на својата партија , за жал тој искажа многу лоши зборови и закани дека претседателот тој ден мора да го изберат без разлика дали на скали, во салата, правен факултет, надвор, или пак на МАНУ да изберат претседател, но јас мислев дека сепак ќе преовладува разумот бидејќи пратениците после тоа упатија голем број на молби и од моја страна исто така беше испратено молба дека ние работиме за интересите на граѓаните и не очекував тоа да го направат, рече Вељановски.
Тој вели дека тие имале смислено сценарио и дека не очекувал тоа да го направат.
– Јас не очекував дека тоа ќе го направат, тие имаа смислено сценарио. Од 31 пратеник од СДСМ јас им го одобрив да работи Собранието и во петок, но тие имаа смислено и се гледаше дека тие ги имаат смислено и подготвено сите документи кои не ги направија согласно деловникот, седницата се заврши во 18 часот и ја закажав за следниот ден во 11 часот, истакна Вељановски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Членовите на ВМРО – ДПМНЕ ја напуштија седницата за одземање на мандатот на Груевски
-
Вељановски: Нема да учествуваме во менување на Уставот, немате двотретинско мнозинство
-
Вељаноски и Димитриев ќе ги контролираат УБК и прислушувањето
-
Вељаноски со честитка: Искрено да веруваме во нашата сплотеност и да сме цврсто обединети во нашите цели