Лидерот на ДУИ Ахмети во изјава за АЛСАТ – М го прозва Бранко Црвенковски дека ја режирал последната криза во земјава со цел да го има во јавноста и да си го поврати рејтингот.
„Црвенковски е мајстор за создавање кризи, а јавноста и медиумите ги користи за да ја подобри својата политичка позиција“, изјави Ахмети и ја повика опозицијата да се врати во Собранието пред крајниот рок за поднесување на кандидатските листи.
„Мислам дека господинот Црвенковски е мајстор за создавање кризи. Јас се уште мислам дека ова прашање е во рамки на тактиката и стратегијата на господинот Црвенковски за да биде присутен во јавноста и медиумите во земјава со цел да ја подобри својата позиција како и на политичката партија која е со намалена подршка кај граѓаните“ вели Ахмети во изјавата со која за прв пат директно го напаѓа сојот поранешен коалиционен партнер.
Не остана покусо ни опозицијата , од СДСМ на Ахмети веднаш му порачаа дека не треба да дели лекции за морал затоа што ниту тој ниту пратениците од ДУИ не биле на страна на демократијата на 24 -ти декември,
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


