| четврток, 6 декември 2018 |

Мицкоски бара обвинителство кое ќе го истражува криминалот на Заев

ВМРО-ДПМНЕ предлага да се формира ново обвинителство по евентуалните предвремени избори за сузбивање на организираниот криминал и корупција и кое, меѓу другото, ќе ги доистражи прислушуваните материјали кои се во рацете на специјалното јавно обвинителство.

Мицкоски на прес-конференција вели дека обвинителството би го заменило специјалното јавно обвинителство по завршување на неговиот мандат и ќе го испитува и периодот на работење на актуелната Влада.

Според него, ако Владата нема што да крие, ќе го прифати ваквиот предлог.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top