И покрај тоа што вработените во Министерството за култура, тврдат дека ги пуштиле порано од работа и дека си заминале дома во 14 часот, од Министерството го тврдат сосема спротивното.
На новинарско прашање поставено писмено до Министерството го добивме следниот одговор:
-Вчера (4.10 2018), во Министерството за култура активностите се одвиваа како и секој работен ден со вообичаена реализација на редовните работни задачи на вработените државни службеници.
Зошто едни велат дека не биле на работа цело работно време, а Министерството тврди дека се извршувале вообичаени редовни работни задачи не знаеме.
ПресингТВ објави дека Министерството за култура ја потврдило информацијата дека вчера дошла полиција, но тврделе дека барале евентуално поставени уреди за прислушкување или проверувале други безбедносни ризици.
-Како што посочуваат од министерството, станувало збор за рутинска акција, што доаѓа на барање на самата институција, испратено уште пред некое време.
Од таму појаснуваат дека било потребно да се направи ваквата процедура по доаѓањето на нов министер и неговиот кабинет со цел да се провери зградата на министерството за се што евентуално би можело да претставува ризик за безбедноста или загрозување на нормалниот тек на работата на институцијата – пишува Пресинг Тв.
Што се случува во Министерството за култура? Вработените пуштени дома во 14 часот, се крие причината
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Васо Ристов е „момче за се“ во културата: Можно ли е четири високи функции да обавува истовремено?
-
Министерството за култура ќе распише нови огласи за поништените седум конкурси за директори
-
Новиот закон за култура ќе има контрола врз темите, идеите и пораките што ги праќаат творбите и филмовите
-
Министерот за култура Асаф Адеми не го гледал филмот на Бојаџи, но според “трилерот” проценил дека е навредлив за Албанците