| четврток, 6 декември 2018 |

Новиот закон за култура ќе има контрола врз темите, идеите и пораките што ги праќаат творбите и филмовите

Министерството за култура најави подготовка на нов Закон со кој поинаку ќе се регулираат проектите. Агенцијата за филм е независна институција од Министерството за култура и тие заедно со Министерството најавуваат декa филмот „Ругање со Христос“ на режисерот Јани Бојаџи ќе биде последниот филм со ваква содржина и дека со новиот закон за култура ова ќе биде регулирано поинаку и отсега натаму нема да има никаква можност некој со јавни пари да реализира проекти кои се косат со јавниот интерес на граѓаните.
-Се подготвува ново законско решение кое ќе ги спречи ваквите злоупотреби и ќе се бара отчет и ќе има контрола врз финансиското, и што е најважно врз темите, идеите и пораките што ги праќаат овие творби/филмови. Затоа ние сме сигурни дека во иднина вакви примери на уривање на општествената кохезија во земјата, нема да се повторат, велат од Министерството за култура.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top