Министерството за култура ќе распише нов јавен оглас за директори во институциите за кои не беше донесено решение по спроведените конкурси. Во дописот на Министерството за култура нема конкретен одговор зошто се поништени конкурси за седум директори, кога ќе бидат распишани нови и до кога ќе траат. Во меѓувреме со овие институции меѓу кои се Велешкиот, театарот Комедија, НУБ „ Свети Климент Охридски“ во Скопје и Археолошкиот музеј раководат в.д директори со истечен мандат, објави „Телма“.
„Министерот по предлог на комисиите донесе решенија за невршење на избор, а истовремено донесе одлука за распишување нов јавен оглас за директори за кој јавноста дополниетлно ќе биде информирана“, велат од Министерство за култура.
Министерството за култура ја објави листата со 22 -ца директори со полн мандат во установите од културата, по спроведените конкурси во летниот период. Конкурсите беа отворени на 20 јули, завршија на 6 август, а додека се чекаа резултатите, незадоволни театарџии и други културни работници кои сакаа да останат анонимни, праќаа докази дека изборот на директори се врши по партиски кадровски комисии и по партиски тефтери, објави „Телма“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Васо Ристов е „момче за се“ во културата: Можно ли е четири високи функции да обавува истовремено?
-
Новиот закон за култура ќе има контрола врз темите, идеите и пораките што ги праќаат творбите и филмовите
-
Министерот за култура Асаф Адеми не го гледал филмот на Бојаџи, но според “трилерот” проценил дека е навредлив за Албанците
-
Министерот за култура, Асаф Адеми се заложи за изградба на театар во Гостивар