| четврток, 6 декември 2018 |

Министерката Јанкуловска не го користи правото на бенифициран стаж

Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, за седум години во Владата може да има над девет години министерски стаж. Од сите 19 министри само таа има бенифициран стаж, што значи дека за секоја помината година како министер за внатрешни работи Јанкуловска наместо 12 месеци пензиско осигурување, може да добие 16 месеци. Според „Вест“, кој ја објави пресметката, ваква можност имаат и заменик-министерот за внатрешни работи и државниот секретар.

Но, Јанкуловска за „Вест“ тврди дека не го користи бенифицираниот стаж. Според неа, таа платата ја зема од Владата, не од МВР, а Владата најдобро знае дали ја следува таква привилегија. Сепак, министерката нагласува дека е млада за да размислува за пензија.

Според Владата, досега ниту еден министер не ја искористил можноста за бенифициран стаж иако законот на секој прв човек на МВР му ја дава таа привилегија. Законот не предвидува бенифициран стаж за министер за одбрана.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top