Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска денеска во касарната „Ѓорче Петров“ ќе присуствува на традиционалната крводарителска акција на припадниците на МВР што се одржува во рамки на одбележувањето на 7 Мај – Денот на полицијата.
Потоа заедно со претставници од амбасадата на Словачка, Автомото сојузот на Македонија – АМСМ и Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) ќе делат едукативни флаери поврзани со безбедноста на пешаците.
Флаерите ќе се делат на пешачкиот премин кај автобуската постојка „Југодрво“ на булеварот „Кочо Рацин“ по повод Глобалната недела на ОН за безбедност на пешаците на патиштата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МВР потврди: Лице од битолско виновен за оштетените камења на македонско-грчката граница
-
МВР: Добивме потврда од унгарското министерство дека Никола Груевски е во Унгарија и дека побарал азил
-
Кривична пријава за загрозување на сигурноста и ширење ксенофобичен материјал на социјални мрежи
-
МВР не знае колку малолетници се исчезнати во државата: Каква статистика води полицијата за исчезнатите лица?