Единицата за специјални задачи „Тигар“ денеска одбележи 33 години од нејзиното формирање. Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, истакна дека МВР и граѓаните се горди на оваа единица.
– Во единицата се луѓе кои со својата пожртвуваност докажале дека единицата го заслужува епитетот елитна. ЕСЗ денес е модерна формација, со високообучени специјализирани тимови – посочи Јанкулоска.
Таа додаде дека улогата што „тигрите“ ја имаат во процесот на осамостојување е многу важна.
Припадниците на оваа единица имаат посебно ниво на обученост, вештини и знаење, а забележителни се досегашните резултати на тимовите за спасување, нуркачкиот тим, снајперските тимови и преговарачкиот тим кој е единствен во Република Македонија.
Јанкулоска додаде дека единицата е персонално освежена, а ќе биде опремена со најмодерна опрема и вооружување во рок од две години, со што на одбележувањето на 35-годишнината од формирањето на оваа единица ќе биде завршена и оваа задача.
Припадниците на единицата во знак на благодарност за изразената поддршка врачија плакети и благодарници на врвот на Министерството за внатрешни работи и нивните соработници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Скандал: Тигрите на колена, 30 припадници на специјалната единица преместени во кучкара
-
Арачиновецот Селими нема да биде командант на Тигрите
-
Паднал во живеалиштето на тигрите, а таму повеќе му немало спас (Вознемирувачко видео)
-
Министерот Чавков: Специјалните сили го пребаруваат секој милиметар во подрачјата зафатени од невремето