Во соработка со Царинската управа во натамошна постапка ќе се утврдува дали запленетите обувки се оригинали или фалсификати и кои стои зад нивниот увоз во Република Македонија, односно дали истите биле наменети за нивна продажба во земјава или за натамошен извоз.
Случајот е откриен откако патрола на мобилната единица “Алфа” запрела возило на патот кој води од с.Визбегово кон Шуто Оризари, при конторла на возилото, алфите забележале неколку кутии со обувки кои веројатно биле земени како мостри.
Веднаш потоа мобилизирани се и други полициски службеници од Одделот за економски криминал а известена е и Царинската управа по што е извршен увид во магацините од каде се подигнати кутиите.
Станува збор за магацини кои биле во сопственост на Министерството за одбрана, а во 2001 година ги користеле припадниците на специјалната едница “Лавови”, по што се водела постапка за денационализација на истите.
Магацините се сместени во непосредна билизина на патот Скопје-Приштина, во с.Визбегово на дваесетина километри од границата со Косово.
При извршениот претрес во магацините пронајдени се 17.750 чифта разни обувки, главно патики, но и зимски кондури. Од извршениот увид утврдено е декастанува збор за околу 7.000 чифта патики Adidas, 7000 чифта патики Nike, поголеми количини на обувки Armani Jeans, CAT, Converse, Reebok, Timberland и други.
Првичните испитувања на царината се дека стоката не е декларирана, нејзината набавна вредност изнесува неколку десетици илјади евра а малопродажната цена достигнува и над половина милион евра.
Според првичните проценки од затаен данок државата е оштетна за околу 15 милиони денари.
Засега е разговарано со повеќе лица, против едно лице е поднесена прекршочна пријава за сторен царински прекршок. Истрагата за целосно расчистување на случајот продолжува.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.