| четврток, 6 декември 2018 |

Што се случува во Министерството за култура? Вработените пуштени дома во 14 часот, се крие причината

Вработените во Министерството за култура вчера биле порано пуштени од работа, во 14 часот, без да им се каже причината за тоа. Велат дека и порано се случувало да бидат ослободени од работа порано, поради доаѓање на некои делегации, поради што првично не биле изненадени од одлуката. Но „Република“ од свои извори дознава дека станува збор за влез на полицијата во Министерството, а притоа да не биде забележана од вработените. Сепак вработените кои се задржале во околината на зградата во која работат, забележале дека во истата влегува полиција.

Вчера попладне се обративме писмено со новинарско прашање до Министерството за култура, но се уште немаме добиено одговор за причината за вчерашното празнење на зградата на оваа институција. Се шпекулира дека после 14.30 часот биле изнесувани документи оттаму.  Одговор побаравме и телефонски, но досега нема никаква информација. Подетални информации ќе се обидеме да добиеме во текот на денешниот ден.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top