| четврток, 6 декември 2018 |

Ивано Балиќ сѐ поблиску до Вардар про

CЕден од најдобрите светски ракометари, Хрватот Ивано Балиќ, е сѐ поблиску до трансфер во македонскиот шампион Вардар про, објави „Екипа“.

Откако неговиот поранешен тим Атлетико Мадрид банкротираше, Балиќ може да премине во кој било клуб без обесштетување. За „мозокот“ на хрватската репрезентација се заинтересирани повеќе европски ракометни гиганти, меѓу кои и нашиот Вардар, кој со влегувањето на новиот спонзор Сергеј Самсоненко се наметна за сериозен тим во ракометна Европа.

Најзагреан за Ивано беше тимот на Фуксе Берлин, но оттаму ги негираат овие шпeкулации и изјавуваат дека тимот е комплетиран за следната сезона. Минатата недела ракометарот е виден на кафе-средба со првиот човек на РК Загреб, Зоран Гобац, но на тој состанок воопшто не било разговарано за враќање на Балиќ во клубот каде што ја почна неговата богата кариера.

Желбата на Балиќ да игра во силен бундеслигашки тим пропадна со повлекувањето на Фуксе Берлин и останува на главниот спонзор на Вардар да испрати сериозна понуда за доведување во тимот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top