| четврток, 6 декември 2018 |

Еве како се фалсификуваше референдумот: По неколкумина зад параванот! (галерија)

Евидентни нерегуларности се случуваа за време на гласањето на референдумот во неделата.

Редакцијата на „Економски Лидер“, утринава, пронашле УСБ пред вратата во кое загрижен граѓанин ни достави фотографии од групно гласање во едно избирачко место, кое очигледно е од албанската етничка средина.

Според називот на фолдерот, велат од „Економски лидер“, претседателот на избирачкиот одбор им кажува на гласачите како да гласаат. Забележливо е и дека на избирачкото место има огромно знаме на Република Албанија, иако изборите се во Република Македонија.

Во описот на фотографиите, според „Економски лидер“, свиркачот вели дека кога го напуштале параванот гласачите ставале во кутијата и по 10 ливчиња.

-Ќе излезеа двајца или тројца од параванот и во кутијата ставаа 10 ливчиња. Потоа претседателот на избирачкиот одбор го кинеше истиот број на ливчиња од кочанот и ги даваше на човек кој ги носеше надвор. – стои во описот.

И покрај очигледниот фалсификат, власта не успеа да обезбеди успешен реферндум, на кој излезноста беше 36,91%. Имаше и случаи кога излезноста во Албанските етнички средини се зголемуваше во периодот од 15 до 19 часот за над 70 проценти, по што математиките покажуваат дека се гласало на секои 17 секунди, што е практично невозможно.

Според некои проценки, кои ќе излезат неделава, фалсификувани се повеќе од 100.000 гласови, но ни тие не беа доволни да се постигне цензус.

Инаку забележливо е дека во албанските етнички средини во периодот од 15 до 17 часот, излезноста беше драстично зголемена, што отвора сомнеж дека на тие избирачки места имало изборни нерегуларности.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top