| четврток, 6 декември 2018 |

Имаме докази дека се полнеа кутии на стотици места на референдумот, рече Мицкоски

На денешното обраќање лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски истакна дека во неговата партија имаат докази за низа нерегуларности на референдумот како полнење кутии на стотици места, но дека истите ќе бидат приложени, како што кажа самиот Мицкоски, кога ќе се добие неполитилизирано Јавно обвинителство.

„Оваа влада го покажа својот неевропски карактер со тоа што манипулираше со граѓаните. Револвераши полнеа кутии на референдумот, и тоа не на едно место, туку на стотици. Ние имаме материјали кои се снимени и се подготвени да ги доставиме кога ќе има неполитилизирано Јавно обвинителство. Тоа што СДСМ сака брза влада, односно да не се почитуваат роковите, покажува дека Власта посакува да продолжи со криминалот и грабеж на граѓаните. Како што реков, неопходно е да се формира пржинска влада и тука нема бегање“, истакна Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top