| четврток, 6 декември 2018 |

Српски „Недељник“: Што по референдумот во Македонија?

Министерството за надворешни работи на Грција соопшти дека оваа земја го почитува изборот на граѓаните од соседната држава, кога станува збор за резултатите од референдумот, кои се коментираат како контрадикторни. Всушност, на Грците не им е јасно што ќе се случува понатаму со резултатите од референдумот, на кој избирачите гласаа „за“ промена на името на земјата, но со недоволен број излезени, пишува српскиот весник „Недељник“.

За да успее референдумот, на него требаше да излезат 50 проценти од избирачите, плус 1, а право на глас имаа повеќе од 1,8 милиони граѓани, додека на референдум излегоа едвај 34 проценти од избирачите.

Референдумското прашање гласеше: „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со профаќање на договорот на Република Македонија и Република Грција?“.  Сепак, власта има уште една шанса-измена на Уставот во Собранието. Со оглед на тоа што референдумот беше распишан како консултативен, односно необврзувачки, се ќе се решава во Парламентот. За да заживее договорот потпишан на Преспанското езеро на 17 јуни потребно е Македонија да го измени Уставот и договорените одредби да ги внесе во него, а потоа грчкиот парламент треба да го ратификува документот кој го потпишаа шефовите на дипломатиите на двете држави.

Во изјава на грчкото министерство за надворешни работи, објавена повеќе од половина час по завршувањето на гласањето, наведено е дека „Грција внимателно, но од соодветна дистанца ги надгледува настаните“, но исто така„останува врзана за Преспанскиот договор“, јави дописникот на МИА од Атина.

-Исходот на референдумот во Поранешната Југословенска Република Македонија е консутативен и не е дело од обврзувачките одредби на Преспанскиот договор. исходот е контрадикторен. преовладуваат гласовите „за“, но без соодветен одѕив на референдумот, е наведено во изјавата на грчкото министерство.

Министерството за надворешни работи на Грција наведува дека следните чекори  бараат трезвеност и независност од сите страни, за да се обезбеди позитивна динамикана Преспанскиот договор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top