Референдумот во Македонија на кој граѓаните се определуваа За или Против Македонија да го промени името во Северна Република Македонија, во склад со договорот со Грција и приклучувањето кон НАТО и ЕУ, доживеа тотално фијаско, пишува српски Информер. И покрај досега невидената кампања на власта и премиерот Зоран Заев и неверојатниот пристисок на цела Европа и Америка, на референдумот излегоа само околу 35 отсто граѓани.
-Дека граѓаните на Македонија не сакаат да се согласат на измамата на Заев и неговите ментори од надвор, беше јасно веднаш по отварањето на гласачките места, бидејќи според податоците на Државната изборна комисија, до 9 часот утрината гласачкото право на референдумот го искористиле само 2,45 отсто гласачи, а до 19 часот гласале околу 35 отсто- пренесува Информер.
-Македонците рекоа големо Не на рефереднумот на Заев што претставува пораз на ЕУ и НАТО – нагласува Информер, кој додава дека за референдумот да биде успешен потребно е на него на излезат 50 плус 1 отсто граѓани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.