Благодарејќи на режимот на исхрана која се темели на лубеница и диња ќе ја добиете посакуваната линија. Сезоната на дињата и лубеницата се уште трае, па ова е вистинското време да ја испробате диетата која се базира на зголемено внесување лубеница во организмот и ќе го решите проблемот со вишокот килограми. Наоружете се со добра волја и придржувајте се до упатствата, па така за две недели ќе изгубите дури пет килограми на потполно здрав и природен начин.
Како функционира
-Диетата трае две недели. Ако сакате, можете да ја повторите по десетдневна пауза;
-Заборавете на благото, белиот леб, масното сирење и дајте им предност на пилешкото, рибата, овошјето, зеленчукот и интегралните житарки;
-Од маснотии дозволено е маслиново масло, а од зачини бибер, сол и разни ароматични билки;
-Секое утро, веднаш штом ќе се разбудите, напијте се чаша вода со сок од пола лимон.

Мени
Прв ден
Појадок: шолја бело кафе, парче црн леб, половина виршла
Ужина:100 грама ладна диња или лубеница
Ручек:: супа од зеленчук, 150 грама пилешко на скара, зелена салата со лажичка маслиново масло
Ужина: 100 грама ладна диња или лубеница
Вечера: 80 грама туна, парче црн леб, свежа пиперка
Втор ден
Појадок: шолја бело кафе, парче црн леб, 30 грама пилешко
Ужина: 100 грама ладна диња или лубеница
Ручек: чинија бистра пилешка супа, 150 грама ослич, 100 грама салата од компир, салата од домат зачинета со лажичка маслиново масло
Ужина: 100 грама ладна диња или лубеница
Вечера: чорба од зеленчук, парче црн леб
Трет ден
Појадок: шолја бело кафе, парче црн леб премачкан со пилешка паштета
Ужина: 100 грама ладна диња или лубеница
Ручек:чинија говетска супа, 200 грама шпагети, зелена салата
Ужина: 100 грама ладна диња или лубеница
Вечера: 150 грама рижото од зеленчук
Четврти ден
Појадок: шолја чај, парче црн леб, лажичка путер, лажичка мед
Ужина: 100 грама ладна диња или лубеница
Ручек: чинија чорба од спанаќ, 200 грама динстано говетско со зеленчук, салата по избор
Ужина: 100 грама ладна диња или лубеница
Вечера: салата од 100 грама пилешко, 50 грама варен компир и 50 грама карфиол зачинета со лажичка маслиново масло
Петти ден
Појадок: чаша незасладена лимонада, парче црн леб, виршла, малку семф
Ужина: 100 грама ладна диња или лубеница
Ручек:150 грама печено пилешко, 100 грама варена боранија, парче црн леб
Ужина: 100 грама ладна диња или лубеница
Вечера: грчка салата
Шести ден
Појадок: шолја бело кафе, парче црн леб, 50 грама шунка
Ужина: 100 грама ладна диња или лубеница
Ручек: чинија говетска супа, 200 грама динстано говетско со зеленчук,салата по избор
Ужина: 100 грама ладна диња или лубеница
Вечера: 100 грама проја и јогурт
Седми ден
Појадок: шолја јогурт со никзок процент на масленост, парче црн леб,50 грама младо сирење, парче диња или лубеница
Ужина: 100 грама ладна диња или лубеница
Ручек: 200 грама блага зелка со говетско месо, парче црн леб
Ужина: 100 грама ладна диња или лубеница
Вечера: две виршли, сенф, зелена салата
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


