| четврток, 6 декември 2018 |

Власта во очај се јавува по членови на ВМРО-ДПМНЕ и лажно се претставува (скандалозно аудио)

Власта очајна бидејќи излезноста на референдумот е многу мала, започна да се јавува по граѓаните и ги повикува во име на ВМРО-ДПМНЕ да излезат на референдумот и да гласаат против.

Порталот „Лидер“ објавува аудио од разговор помеѓу девојка која лажно се претставува дека е од ВМРО-ДПМНЕ и граѓанин.

Во снимката девојката го повикува граѓаниниот да излезе и да гласа против на референдумот, наводно така и кажале од партијата.

Инаку, ова претставува кршење на изборниот молк, агитирање со лажно претставување, што е кривично дело. Коментарите се дека Заев ги тера членовите на својата партија на кривично дело во очај поради малата излезност на референдумот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top