Низа светски медиуми кои го следат референдумот во Република Македонија пишуваат за слабата излезност со оценка дека референдумот, а со тоа и Договорот од Преспа ќе биде делегитимиран.
Познатиот ЕмерџингЈуроп под наслов „Слаба излезност ќе го делегитимира референдумот” вели дека тоа што го прави овој референдум уште по важен е излезноста кпја му дава важност.
Само излезност над 50 проценти ќе го направи гласањето важно и ќе обезбеди лесна имплементација на Договорот.
Слични се оценките и на Фокс њуз и на други светски медиуми кои известуваат за слабата излезност на овој референдум.
Со слична оценка се и медиумите од регионот. Грчкиот Екатимерини пренесува од прес конференциите на ДИК, со оценка за првите шест часа од денот кои минале со слаб одзив.
Бугарскиот Актуално пренесува податоци од националната БТВ со оценка дека референдумот во Македонија изгледа ќе пропадне поради цврстата мала избирачка активност.
Со слична проценка е и српскиот Мондо.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.