| четврток, 6 декември 2018 |

Дрим-тимот на Франција ја освои светската круна за играчи до 20 години

Дрим-тимот на Франција се намачи против Уругвај во финалето на младинското светско првенство, но сепак ја освои круната, по подобро изведување на пенали. Младите „триколори“ славеа со 4-1 по подобро изведување на ударите од 11 метри. Во регуларниот дел и по продолженијата од 2 х15 минути немаше голови.

Французите кои беа фаворити пред мечот за шампионската титула, не промашија ниту еден пенал, а нивните врсници од Уругвај не беа прецизни на двапати, што значеше пораз за нив и збогување со надежите дека ќе ја освојат титулата. Вистински херој на завршниот меч беше голманот на Франција, Ареола, кој ги одбрани ударите на Веласкез и на Араскаета.

FIFA Under 20 World Cup 2013

Франција има страшно добар состав, со веќе добро познатите фудбалери од калибарот на Погба од Јувентус, Кондогбија од Севилја, Саного од Арсенал и уште неколку одлични младинци.

franceu20

Во мечот за бронза Гана го совлада најголемото изненадување на турнирот Ирак со 3-0.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top