| четврток, 6 декември 2018 |

Бил Козби осуден за силување

Американскиот комичар Бил Козби доби затворска казна од три до десет години за сексуален напад.

Осумдесет и едногодишниот Козби, кој беше опишан како насилен сексуален предатор, ќе мора да оди на доживотно советување и ќе биде заведен во регистарот на сексуални престапници.

Тој одби да ја коментира пресудата кога судијата му дозволи да зборува.

Козби беше прогласен за виновен за сексуален напад врз поранешната кошаркарка Андреа Констанд, која ја дрогирал и силувал во 2004 година.

За овој случај се дозна во јуни 2017 година, кога Констанд откри дека Козби, кого го сметала за свој ментор, ѝ дал апчиња од кои се парализирала и не можела да се одбрани од нападот. Таа кажа дека по нападот не можела да јаде, спие и да се дружи.

Козби потоа го обвинија уште две жени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top