Судскиот процес против Бил Козби (79), којшто е обвинет за сексуално злоставување жена во 2004, е закажано за 5 јуни идната година, јави „Би-би-си“.
Андреја Констад, поранешна вработена во универзитетот „Темпл“ во Филаделфија, наведува дека ја дрогирал, па ја злоставувал. Најмалку 50 жени досега го обвинија Козби за слични постапки, а обвинителството ќе повика 13 од нив како сведоци.
Доколку се утврди вина, на ѕвездата на „Козби шоу“ му се заканува затворска казна и до десет години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.