Обвинителството од Лос Анџелес го отфрли обвинувањето против комичарот Бил Козби за сексуално искористување на две динејџерки во 1965 и 2008 година, наведувајќи застареност на случајот и недостаток на докази.
Одлуката е донесена за една недела откако 78 годишниот Козби беше обвинет дека во 2004 ја дрогирал и сексуално искористил жена во својот дом кај Филаделфија. Тоа е прво кривично дело против него од низата кои го уништија неговата репутација како „Американски татко“.
Десетина жени го обвинуваат Козби за силување во текот на четири децении. најстариот случај е од 1965 кога жената имала 17 години. Козби ја однел во џез- клуб и платил пијалок, а потоа ја одвел дома каде ја присилил на секс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.