| четврток, 6 декември 2018 |

На актерот Козби му се заканува казна од 30 години затвор

Американскиот актер и комичар Бил Козби (81), ќе се појави пред судот во Пенсилванија за да му биде изречена казна за сексуален напад, пет месеци откако беше прогласен за виновен.

Козби беше прогласен за виновен на 26 април, според сите точки од обвинението, и може да добие максимална казна од 30 години затвор, бидејќи ја дрогал и сексуално ја нападнал Андреа Констанд во 2004 година.

Обвинителите ќе бараат актерот веднаш да биде префрлен во затвор, но Козби е во деветтата деценија од животот и неговото здравје навистина не е добро, па неговите адвокати ќе бараат комичарот да биде задржан во домашен притвор до исходот од можната жалба на пресудата.

Инаку, Американската академија за филмска уметност во мај оваа година ги исфрли Козби и оскаровецот, режисерот Роман Полански, бидејќи ги прекршија кодексите на однесување на Академијата, додека моќниот филмски продуцент Харви Вајнштајн беше исфрлен во октомври минатата година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top