| четврток, 6 декември 2018 |

Матео Трентин победник на 14 етапа

Италијанскиот велосипедист Матео Трентин од тимот на Квик Степ е победник на денешната етапа од трката Тур Де Франс.

Тој делницата од до Сент Пурсан до Лион долга 191 километар ја помина за четири саата, 15 минути и 11 секунди.

Трентин 14 етапа ја помина за пола тркало во спринт завршница пред Михаил Албасин и Ендру Талански.

Во генералниот пласман води Крис Фрум пред Бауке Молема со предност од 2 минути и 28 секунди. На трето место е Алберто Контадор со заостаток од 2 минути и 45 секунди.

Следната 15 етапа е најдолга на Тур Де Франс и се вози од Живор до Мон Венту во должина од 242.5 километри.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top