| четврток, 6 декември 2018 |

Фрум нападнат за време на тренинг, за среќа оштетен е само велосипедот

kris frum

Крис Фрум, минатогодишниот победник на најпрестижната велосипедска трка „Тур де Франс“, утрово сподели слика од својот велосипед, кој остана тотално уништен по еден удар со автомобил.

За време на тренингот во јужна Франција, велосипедистот роден во Кенија не заработил повреди по судирот, откако како што вели еден автомобил започнал да го следи и намерно удрил во него.

– Најважно е дека јас поминав добро. Имав среќа и поминав без ниту една повреда. На голема жалост, мојот велосипед е целосно уништен – изјави 31-годишниот Британец.

frum velosiped

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top