Словачкиот велосипедист Петер Саган е дисквалификуван од натамошно учество на Тур Д’Франс. Тој на стотина метри од крајот на вчерашната четврта етапа од Мондорф до Вител во должина од 207,5 километри употреби лакт и го оттурна Марк Кавендиш. Британецот загуби контрола и ритам и падна на асфалтот со уште неколку велосипедисти, кои не можеа да ја избегнат непријатноста. По прегледување на снимките, организаторите решија да го казнат Чехот, иако тој се извини за непромисленоста.
По падот Кавендиш се здоби со повреда на рамото. Денес се вози петтата етапа на трката од Вител до Ла Планш долга 160 километри.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)