| четврток, 6 декември 2018 |

На никој не му треба уште едно дете со Даунов синдром: Водителката удри жена за непристојните коментари (ВИДЕО)

Руската актерка Евелина Бледанс и удри шлаканица на една жена од публиката, откако таа го навреди нејзиниот син и нероденото дете. Четириесет и деветгодишната Евелина во моментот е бремена со трето дете, а на популарното руско шоу „Лајв“ зборуваше за тоа како е да се очекува бебе во овој период од животот. Таа забременила со помош на ин витро фертилизација, за да си го исполни сонот да има девојче.

Во еден момент, гледачка од публиката почнува да ја навредува Евелин, чиј прв син има Даунов синдром.

  • Опасно е да се раѓа меѓу 35 и 40 година, а што мислиш ти на 49? Сакаш да родиш уште едно болно дете? Ќе родиш уште едно со Даунов синдром? На никој не му треба такво дете, ни на општеството ни тебе – викаше гледачката.

На овие зборови, актерката реагираше така што стана, се доближи до жената и и удри шамар.

    • Може да зборуваш што сакаш за мене, но не и за моите деца – рече таа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top