Издавачката куќа „Прозарт медиа“ ја најавi долгоочекуваната скопска епизода од промоцијата на книгата поезија „Креветизам и хоризонтала“ од Пијан Славеј. Овој петок, 21 септември, од 19 часот под дрвото во кафулето „Цреша“ книгата ќе ја промовира токму Пијан Славеј, заедно со „Фолтин“.
Примероците од збирката ќе бидат достапни по промотивна цена.
Настанот е поддржан од Министерството за култура во рамките на „Нов културен бран“. „Креветизам и хоризонтала“ е финансиски поддржана од Драги Филевски, Де Ниро. Дизајнот на корицата е дело на Мирослав Масин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.