Поранешниот македонски репрезентатовец Душан Савиќ ќе биде нов член на романскиот гигант Динамо од Букурешт, а потпис на двегодишен договор ќе стави утре во главниот град на Романија.
Сите детали се договорени и досегашниот член на украинскиот клуб Волин ќе заработи околу 300 илјади евра за две сезони. Преговорите траеа долго, а беше најавено дека и порано ќе се случи трансферот на напаѓачот од Украина во Романија. Динамо се врати од турнејата низ Англија каде што беше на подготовки. Савиќ од понеделник ќе му се приклули на тимот и треба да почне со тренинзи.
Тој има 27 години и веќе настапуваше во Романија во тимот на Брашов, за кој играше во 2010 година и тоа нецела една сезона. За македонската репрезентација, новиот напаѓач на Динамо има 9 настапи. Претходно Савиќ играше и за младинската селекција до 21 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.