Референдумското прашање кога дојде на дневен ред ни беше приоритет, а дојде на дневен ред на третата лидерска средба во Клубот на пратеници и тоа во втората половина, откако во првата половина се согласивме за новиот закон за финансирање на политички партии, составот на ДИК, но и измените во законот за влада каде е предвидена повторно техничка влада по принципот на пржинскиот модел кој претходно го имаше СДСМ за време на предвремените избори во 2016 година, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на гостувањето на телевизија 24.
Тој објасни зошто политиките на ВМРО-ДПМНЕ и позициите били такви во тој период.
-На средбата на почетокот во март месец во владата кога имав билатерална средба со премиерот Зоран Заев договоривме одредени позиции, меѓу кои и составот и принципот за избор на ДИК, новиот закон за финансирање на политичките партии, но и измените во Законот за влада каде се предвидува новиот состав на техничката владата да биде по пржинскиот модел. Но, бидејќи тоа не беше исполнето дојдовме до нова лидерска средба која најпрвин беше свикана за да биде откочен процесот на формирање на ДИК, рече Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.