| четврток, 6 декември 2018 |

Бранко Црвенковски: Власта не функционира, но тоа не треба да биде мотив да се гласа против или да се бојкотира

Поранешниот претседател на СДСМ Бранко Црвенковски смета дека актуелната власт не функционира, но тоа не треба да биде мотив да се гласа против или да се бојкотира референдумот на 30 септември. Според него, референдумот е натпартиски, на избори треба да се гласа за политиката која ја спроведува актуелната власт.

…Знам дека имате многу причини за незадоволство од функционирањето на актуелната власт. Знам дека имате уште повеќе причини за незадоволство од функционирањето на сите досегашни власти. Но односот кон политичарите и политичките партии се искажува на избори.
На 30-ти септември е нешто сосема друго. На овој референдум ќе се одлучува, не кој ќе владее, туку кој пат кон иднината како држава ќе го избереме – смета поранешниот претседател на Македонија Црвенковски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top