Лидерот на СДСМ Зоран Заев соопшти дека на синоќешниот состанок на Централниот одбор на СДСМ била донесена одлука да се побара од папата Бранко Црвенковски да го прогласи Зоран Заев за светец.
Според партиски извори, Заев за светец бил предложен од страна на независниот новинар Мухамед Зекири според кој Зоран Заев бил еден од почистите и продуховени луѓе кои ги запознал.
„Јас мојот пријател Зоки во живот го немам слушнато на ниту една од бомбите дека некој криминал правел. Поголем доказ од тоа дека е чист и има чиста душа – нема и не може да има. Плус, дека е продуховен знаеме добро, а се сеќавам кога зборевме после мечот Шкендија-Гент дека исто така многу убаво зборуваше за Бог“, изјави независниот новинар од СДСМ Мухамед Зекири.
Заев се заблагодарил и изјавил дека ја прифаќа номинацијата, а неофицијално дознаваме дека светото име кое Заев избрал да го носи ќе е св. Зоран Муртински – Великоцрпнат.
Бидејќи според папските протоколи треба да има чудо кое го сторил Заев за да биде прогласен за светец, ЦО на СДСМ се сложил дека вистинско чудо е тоа што Бог го црпнал од нива во Муртино и го донел во Скопје да ја води државата во подобра иднина.
Доколку папата Бранко се согласи да го прогласи Заев за светец, СДСМ ќе побара Св. Зоран Великоцрпнат Муртински како докажан светец да биде ослободен од гонење за случаите за корупција од 8 милиони евра, за примање поткуп од 200.000 евра и за обидот за државен удар.
Кромиди Запад
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.
Кромиди Запад
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.
*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.