| четврток, 6 декември 2018 |

Велиновска: Каде е Бранко, во која дупка учи албански?

бранко и али

Па си мислам нешто со оглед дека копитово од Муртино и натаму ескалира, та дури стигна да го обвини Иванов дека извршил државен удар со тоа што не му дал мандат за антиуставна влада, време е шефот на државата да прогласи елементарна катастрофа на територијата на цела Македонија за да може да се мобилизира државата и сѐ живо во неа. На него е да избере во која катастрофа ќе го смести водачот на балистите, учките и соросоидите земјани. Јас сугерирам вулканска ерупција од активирано праколонијалистичко гротло. Така, ем нема да излезе од програмата на НАТО, кој се трансформира неодамна како хуманитарна организација што дејствува при поплави и земјотреси, како што експертски ни објасни своевремено во „Миленко шоу“ експертот Нано Ружин, ем ќе им ги затне муцките лажливи на европските здружени хуманисти/фашисти. Баш сакам да ги видам адвокатите кои се доста имагинативни трик-мајстори и кои се богатат барајќи дупки во законите и премостувајќи ги со разни керефеки, како ќе го бранат вулканов од Муртино докажувајќи ни дека Заев всушност е анимирана политичка појава, а не суштество на природата и рожба од Бога. На што ќе се повикуваат? На Библијата или на Дарвин? Или можеби на папата, „Македонецот“ Бранко Црвенковски. Богати. А каде е тој? Во кој бункер се има напикано што толку нападно молчи додека чедото му Заев и балистите му ја тртат славна Дебарца во која жив Албанец не можел да цапне без двајца гаранти Македонци. Така ни кажуваше тој. Да не станала веќе двојазична? Да не учи и тој на брз курс албански оти доста големи се казните за незнаење службен јазик. Или си ужива во уникатноста на својата незамисливо голема расипаност кога даде јавна изјава како мандатар на владата во 2002 година дека со Рамковниот договор биле исцрпени и најрадикалните албански барања. Па, па, па! Кој легендарен лажоман! Каков Минхаузен, какви бакрачи! Го посеа отровното семе и сега си трае. Богами и тој според заслугите ќе оди на третман пред воините на НОБ, прашува Мирка Велиновска во колумната „НATO, EУ, САД! – Убијте ги Македонците што не ви ја даваат Македонија!“, објавена во „Дневник“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top