Бранко Црвенковски во своето гостување на ТВ Телма истакна дека статистичките податоци со кои се фалела власта на економски план биле лажни.
Она што Црвенковски избегна да го каже е дека тие податоци не се креирани од власта, туку од најрелевантните светски институции.
-Имаме длабока економско-финансиска криза. Тоа што власта со својата пропаганда и со лажните статистички податоци се обидува да создаде привид дека сме успешна економска земја, едноставно не држи вода, рече Црвенковски.
Податоците за одличниот економски раст на земјава се направени од Еуростат. Според нивните анализи, растот на македонската економија е поголем од речиси сите земји од Европската Унија. Понатаму, податоците од Дуинг бизнис се анализи на Светската Банка.
Одлични резултати за економскиот просперитет на Македонија и за стабилната економија доаѓаат и од ММФ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.