| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија во теориите на заговор: Како нѐ создадоа за да ги уништиме Бугарија и Грција

Ва­кви­те не­ве­ро­јат­ни при­каз­ни не се са­мо во гла­ви­те на обич­ни­те Гр­ци, Бу­га­ри, ту­ку во нив ве­ру­ва­ат и вид­ни чле­но­ви на по­ли­тич­ки пар­тии и во­оп­што по­ли­тич­ко­то мил­је на со­сед­ни­те др­жа­ви, по­ка­жу­ва­ат ана­ли­зи­те на за­пад­ни ана­ли­ти­ча­ри

DOSIE-45-ace-mkd-spomenik-520px

Во гла­ви­те на грч­ки­те и на бу­гар­ски­те те­о­ре­ти­ча­ри на за­го­вор, ние сме соз­да­де­ни за нив­но уни­шту­ва­ње, од­нос­но за ре­при­за на на­ста­ни­те од ан­ти­ка­та ко­га кра­лот Фи­лип Вто­ри ги по­ко­рил Гр­ци­ја и Тра­ки­ја соз­да­вај­ќи со­јуз со дру­ги зем­ји.

Ова се дел е убедувањата на грчките политичари, кои ги анкетирале проф. д-р Су­зан Кон­дор од Уни­вер­зи­те­тот „Ло­у­бо­роу“, Ве­ли­ка Бри­та­ни­ја и од проф д-р Ан­то­нис Са­пун­цис, со­ци­ја­лен пси­хо­лог од Уни­вер­зи­те­тот „Де­мо­крит“ во Тра­ки­ја, Гр­ци­ја:

„Скоп­ја­ни­те ја соз­да­доа оваа кри­за (спо­рот за име­то) про­тив Гр­ци­ја. Тие са­ка­ат да соз­да­дат Го­ле­ма Ма­ке­до­ни­ја, но во мо­мен­тов не се во со­стој­ба да го спро­ве­дат тоа на де­ло. Но, иа­ко изг­лед де­ка се отка­жа­ле од оваа иде­ја, ова пра­ша­ње ќе се по­ја­ви и во ид­ни­на. Се­ка­ко, Скоп­ја­ни­те не ја поч­наа кри­за­та са­ми. Зад нив сто­јат Гер­ма­ни­ја или Анг­ли­ја“. 

„Аме­ри­кан­ци­те ја соз­да­доа скоп­ска­та др­жа­ва ка­ко ба­за за нив­на­та иле­гал­на тр­го­ви­ја со дро­га и оруж­је. На тој на­чин тие ра­бо­тат низ це­ли­от свет, не­ма кој да им се спро­тив­ста­ви. Скоп­је им слу­жи ка­ко кук­ла и фа­бри­ка за пер­е­ње па­ри. Тие са­ка­ат да ги вле­чат лу­ѓе­то за нос, ама ние (Гр­ци­те) не да­ва­ме да нѐ вле­чат за нос. Мо­же­би изг­ле­да­ме ка­ко да не ни е гај­ле, но, од дру­га стра­на, ние не сме лу­ѓе што не гле­да­ат се­ри­оз­но на ва­кви проб­ле­ми. Е, се­га не мис­лам де­ка еден куп Ци­га­ни та­му (во Скоп­је) се не­ка­ква за­ка­на за нас. Ов­де се игра ед­на игра на по­ви­со­ко ни­во“.

Целиот текст за сите теории на заговор кои ги промовирале нашите соседи и ги всадиле во главите на нивните граѓани, прочитајте го во последниот број на неделникот Република, кој е веќе во продажба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top