| четврток, 6 декември 2018 |

Се­кој нов ден е но­во до­жи­ву­ва­ње во Ма­ке­до­ни­ја

Ами­та Нан­дал е три­е­се­тго­диш­на де­вој­ка, ко­ја да­леч­на­та Ин­ди­ја ја за­ме­ни­ла за Ма­ке­до­ни­ја. Таа ов­де ра­бо­ти ка­ко еле­ктро ин­же­нер, а во Ма­ке­до­ни­ја, ка­ко што рас­ка­жу­ва таа за „Ре­пуб­ли­ка“, се ре­ши­ла да жи­вее по­ра­ди при­род­ни­те уба­ви­ни на зем­ја­та. Ами­та ве­ли де­ка се­ко­гаш меч­та­е­ла да жи­вее во зем­ја со пла­ни­ни. Таа ужи­ва да пе­ша­чи по­крај Охрид­ско Езе­ро, са­ка да ја истра­жу­ва Ма­ке­до­ни­ја. Ве­ли де­ка ја оду­ше­ву­ва­ат ма­ке­дон­ска­та кул­ту­ра и му­зи­ка. Оми­ле­но ја­де­ње ѝ се пол­не­ти пи­пер­ки, а за при­ја­те­ли­те знае до го зго­тви и тра­ди­ци­о­нал­но­то тав­че-грав­че. Спо­ред Нан­дал, тоа што ѝ оста­ви­ло впе­ча­ток во те­кот на неј­зи­ни­от пре­стој ов­де е што лу­ѓе­то зна­ат да на­пра­ват рам­но­те­жа ме­ѓу при­ват­ни­от и про­фе­си­о­нал­ни­от жи­вот

viber image3

Ко­га прв­пат дој­до­вте во Ма­ке­до­ни­ја?

Во Ма­ке­до­ни­ја дој­дов ми­на­та­та го­ди­на во октом­ври, ов­де сум ве­ќе пет ме­се­ци, но се чув­ству­вам ка­ко да сум при­стиг­на­ла вче­ра. Се­кој нов ден е но­во до­жи­ву­ва­ње ов­де и на­ви­сти­на е мно­гу уба­во.

Amita6

 

 

До­а­ѓа­те од зем­ја со раз­лич­на кул­ту­ра и тра­ди­ци­ја од Ма­ке­до­ни­ја. Ка­ко ус­пе­а­вте да се адап­ти­ра­те на жи­во­тот ов­де?

Јас сум ро­де­на во Ин­ди­ја. Да, тоа е зем­ја со раз­лич­на ре­ли­ги­ја и кул­ту­ра, но јас ве­ру­вам де­ка Ма­ке­до­ни­ја е до­бра за стра­нец да се прис­по­со­би на жи­во­тот ов­де, по­себ­но во мо­јот слу­чај, ка­ко лич­ност што дош­ла да ра­бо­ти во дру­га зем­ја. На­ви­сти­на бе­ше го­ле­ма про­ме­на за ме­не. Но во те­кот на мо­јот пре­стој ов­де ни­ко­гаш не по­чув­ству­вав но­стал­ги­ја кон до­ма. На­ви­сти­на сум уве­ре­на де­ка жи­ве­е­ње­то и ра­бо­та­та ов­де ќе ме мо­ти­ви­ра­ат и ќе ме сти­му­ли­ра­ат да одам на­пред. Мо­мент­но жи­ве­ам во Охрид, град што е, на­ви­сти­на, убав и кој ну­ди ми­рен жи­вот и рам­но­те­жа ме­ѓу при­ват­ни­от и про­фе­си­о­нал­ни­от жи­вот.

Ка­ко ре­ши­вте да жи­ве­е­те во Ма­ке­до­ни­ја?

Уште ка­ко ти­неј­џер­ка јас се оду­ше­ву­вав на зем­ји со уба­ва при­ро­да, пла­ни­ни. Раз­мис­лу­вав ка­ко би би­ло да жи­ве­ам на та­кво ме­сто по­долг вре­мен­ски пер­и­од. Ко­неч­но ја про­нај­дов Ма­ке­до­ни­ја, на­ви­сти­на мно­гу уба­ва зем­ја, ко­ја е во сог­лас­ност со тоа што го по­са­ку­вав. Таа е бо­га­та со кул­ту­ра, ша­ре­ни ко­сту­ми, тра­ди­ци­о­нал­на хра­на и со не­за­бо­рав­на му­зи­ка, што ме прив­ле­че мно­гу. Спо­ред ме­не, кул­ту­ра­та на ма­ке­дон­ски­от на­род се ка­ра­кте­ри­зи­ра со тра­ди­ци­о­нал­ни и мо­дер­ни­стич­ки атри­бу­ти.

Amita 8

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Да­ли ма­ке­дон­ски­от на­род знае да по­да­де ра­ка ко­га е по­треб­но?

Се­ка­ко, да. Лу­ѓе­то ов­де се се­ко­гаш под­го­тве­ни да по­мог­нат. Тие се со ме­ко ср­це и мно­гу ве­дри­на во нив. Ме­не ми се слу­чу­ва да до­би­јам по­мош и во мар­кет, ко­га по­ра­ди мо­јот анг­ли­ски ја­зик вра­бо­те­ни­те не мо­жат да ме раз­бе­рат што ба­рам, па ме упа­ту­ва­ат до лич­ност што го раз­би­ра ја­зи­кот или, пак, зна­ат да се по­тру­дат да ме ус­лу­жат пре­ку ге­сти­ку­ла­ции. Но сме­там де­ка лич­но за ме­не ќе би­де нај­до­бро да го на­у­чам ма­ке­дон­ски­от ја­зик, па за­тоа имам во план да поч­нам да го изу­чу­вам.

Amita9

 

Ка­ко стра­нец, кој е Ва­ши­от впе­ча­ток за на­чи­нот на кој жи­ве­ат лу­ѓе­то ов­де?

Лу­ѓе­то во Ма­ке­до­ни­ја се, на­ви­сти­на, до­бро­на­мер­ни. Не­што што чо­век што до­а­ѓа од дру­га зем­ја мо­же да го по­чув­ству­ва ов­де е тоа де­ка се­меј­ни­те вред­но­сти се се­ко­гаш на пр­во ме­сто. За раз­ли­ка од по­ве­ќе­то аме­ри­кан­ски и европ­ски зем­ји ка­де што, спо­ред мо­е­то мис­ле­ње, не му се да­ва тол­ку го­ле­ма важ­ност на зац­вр­сту­ва­ње­то на се­меј­ни­те вр­ски.

Ја са­ка­те ли ма­ке­дон­ска­та тра­ди­ци­о­нал­на куј­на?

Оф, ова пра­ша­ње ми пра­ви вед­наш да се по­чув­ству­вам глад­на. Имам вку­се­но тра­ди­ци­о­нал­на ма­ке­дон­ска хра­на, ка­ко ај­вар, тав­че-грав­че, охрид­ска па­стрм­ка, а оми­ле­ни ми се пол­не­ти­те пи­пер­ки. Ге­не­рал­но, лу­ѓе­то во Ин­ди­ја ја­дат мно­гу за­чи­не­та хра­на, но жи­ве­еј­ќи ов­де јас ужи­вам во раз­лич­ни­те ком­би­на­ции на хра­на. Всуш­ност, јас ве­ќе го­твам ма­ке­дон­ска хра­на , тре­ба да го вку­си­те мо­е­то тав­че-грав­че. Од сла­тки­те ра­бо­ти мо­рам да го изд­во­јам де­сер­тот бак­ла­ва, на­ви­сти­на е вкус­на и не мо­жам да ѝ одо­ле­ам.

amita4

 

Кол­ку има­те сло­бод­но вре­ме за да ја истра­жи­те Ма­ке­до­ни­ја?

Јас са­кам да по­се­ту­вам ме­ста, да на­у­чам не­што но­во за ме­сто­то ка­де што жи­ве­ам. Ста­ри­от дел на Охрид, Ку­ќа­та на Ро­бев­ци, Пла­ош­ник, цр­ква­та „Све­ти Кли­мент“, „Све­ти Јо­ван“ на Ка­нео, „Све­ти На­ум“ и сум би­ла во гра­дот При­леп. Се­ко­гаш ужи­вам ко­га ше­там по­крај Охрид­ско Езе­ро, на­ви­сти­на е оду­ше­ву­вач­ки што имам чест да по­ми­ну­вам вре­ме по­крај нај­ста­ро­то езе­ро во Евро­па. Си­те ме­ста што ги имам по­се­те­но до­се­га беа уба­ви, но јас би са­ка­ла да истра­жам уште по­ве­ќе во ид­ни­на.

Ви не­до­сти­га ли Ин­ди­ја? Ва­ши­от дом?

Ова пра­ша­ње е ско­кот­ли­во за да се од­го­во­ри. На кој што до­а­ѓа од дру­га зем­ја не му не­до­сти­га до­мот? Мо­и­те чув­ства за мо­ја­та ма­тич­на зем­ја се се­ко­гаш со ме­не, но жи­ве­еј­ќи ов­де во Ма­ке­до­ни­ја се чув­ству­вам исто ка­ко да сум до­ма.

Amita5

 

Кои се Ва­ши­те пла­но­ви, ќе оста­не­те ли во Ма­ке­до­ни­ја?

На­ви­сти­на са­кам да оста­нам дол­го ов­де, ед­вај че­кам да дој­де ле­то би­деј­ки слуш­нав де­ка во тој пер­и­од од го­ди­на­та е на­ви­сти­на за­бав­но.

Пишува:К.Н.К

(Текстот е објавен во 237 број на Неделникот „Република“)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top