| четврток, 6 декември 2018 |

Мо­и­те при­ја­те­ли зна­ат де­ка жи­ве­ам во зем­ја­та на Але­ксан­дар Ма­ке­дон­ски

Ге­рал­ди­не Т. Ам­по е од Фи­ли­пи­ни, од гра­дот Или­ган, остро­вот Мин­да­нао или, ка­ко што таа ми­лу­ва да ка­же, остро­вот од ка­де што по­тек­ну­ва пре­тсе­да­те­лот Ду­тер­те. Љу­бо­вта би­ла при­чи­на­та за оваа мла­да про­фе­сор­ка по анг­ли­ски ја­зик да ја на­пу­шти сво­ја­та зем­ја и да дој­де да жи­вее ов­де. Таа, по­крај сво­ја­та про­фе­си­ја, се за­ни­ма­ва и со про­даж­ба на на­кит пре­ку ин­тер­нет, та­ка го за­поз­на­ла Ни­ко­ла, кој, по­крај про­фе­си­о­на­лен со­ра­бот­ник, ѝ ста­ну­ва при­ја­тел, а се­га ве­ќе и со­пруг. Ге­рал­ди­не за Ма­ке­до­ни­ја ве­ли де­ка е уба­ва зем­ја со бо­га­та исто­ри­ја, учи да збо­ру­ва ма­ке­дон­ски ја­зик, а мно­гу са­ка да ја истра­жу­ва зем­ја­та. За ма­ке­дон­ски­от на­род ве­ли де­ка е го­сто­прим­лив, ве­дар и на­род што, на­ви­сти­на, знае да по­мог­не

GR

Ко­га прв­пат дој­до­вте во Ма­ке­до­ни­ја?

Прв­пат во Ма­ке­до­ни­ја дој­дов на 29 де­кем­ври 2015 го­ди­на. Би­деј­ќи се вљу­бив во Ма­ке­до­нец, па дој­дов да ја по­се­там зем­ја­та во ко­ја тој жи­вее. Љу­бо­вта ме до­не­се ов­де. Ма­же­на сум за Ни­ко­ла Ди­мов­ски со ко­го се за­поз­нав слу­чај­но, од­нос­но нѐ спои про­фе­си­о­нал­ни­от жи­вот. Јас се за­ни­ма­вам во про­даж­ба на на­кит пре­ку ин­тер­нет, Ни­ко­ла го пра­ви исто­то тоа ов­де, па се слу­чи со­ра­бо­тка, се за­поз­нав­ме и ка­ко што од­ми­ну­ва­ше вре­ме­то, тој дој­де во Фи­ли­пи­ни и ста­нав­ме бли­ски при­ја­те­ли, за по­тоа тоа при­ја­телс­тво да пре­рас­не во љу­бов. Се вен­чав­ме во мо­ја­та зем­ја. А јас ре­шив да дој­дам во Ма­ке­до­ни­ја и да би­дам со не­го.

GR2

До­а­ѓа­те од зем­ја со по­ин­ка­ва тра­ди­ци­ја и кул­ту­ра, бе­ше ли те­шко да се прис­по­со­би­те на на­чи­нот на жи­вот ов­де?

Ма­ке­до­ни­ја е уба­во ме­сто за жи­ве­е­ње, ор­га­ни­зи­ра­но е, но мо­рам да спо­ме­нам де­ка, во спо­ред­ба со Фи­ли­пи­ни, на­ви­сти­на ми е те­шко да се на­вик­нам на вре­ме­то. Има че­ти­ри го­диш­ни вре­ми­ња, а кај нас има­ме са­мо сон­че­ви и дожд­ли­ви де­но­ви. Се­ка­ко, ту­ка се и раз­лич­но­сти­те во жи­вот­ни­те на­ви­ки. Кај нас се ста­ну­ва мно­гу раз­но, во спо­ред­ба со ов­де, во шест и во се­дум ча­сот на­у­тро ве­ќе се по­ја­ду­ва, а ов­де пр­ви­от по­ја­док е око­лу 12 нап­лад­не. За­тоа ми се слу­чу­ва да го раз­бу­дам Ни­ко­ла ра­но и да му ка­жам де­ка сум глад­на (се смее). Да би­дам искре­на, во Ма­ке­до­ни­ја мно­гу ми се до­па­ѓа исто­ри­ја­та на зем­ја­та, кул­тур­ни­те зна­ме­ни­то­сти, но и тоа кол­ку го­ле­ма важ­ност им се при­да­ва на се­меј­ни­те вред­но­сти. Тоа е мно­гу зна­чај­но и во зем­ја­та од ка­де што до­а­ѓам. Кај нас во Фи­ли­пи­ни е мно­гу важ­на под­др­шка­та од ма­жот, од­нос­но ма­жот е тој што за­вр­шу­ва го­лем дел од до­маш­ни­те об­вр­ски, чи­сти, пер­е, го­тви…
Од дру­га стра­на, ми бе­ше не­о­бич­но што ту­ка по­сто­јат мно­гу об­ло­жу­вал­ни­ци, па ти до­а­ѓа по­мис­ла­та, зар лу­ѓе­то ов­де има­ат тол­ку мно­гу па­ри? Кај нас ова не е слу­чај.
Сѐ уште се адап­ти­рам на на­чи­нот на жи­вот ов­де, учам и ко­му­ни­ци­рам со лу­ѓе­то кол­ку што мо­жам по­ве­ќе.

GR3

Кое е ва­ше­то мис­ле­ње, знае ли Ма­ке­до­не­цот да по­да­де ра­ка ко­га е по­треб­на по­мош?

Лу­ѓе­то во оваа зем­ја се се­ко­гаш под­го­тве­ни да по­мог­нат, ду­ри и без да го по­ба­раш тоа од нив. Еднаш ко­га ше­тав низ мар­кет и разг­ле­ду­вав на­о­ко­лу, претпоставувам, лу­ѓе­то по­мис­ли­ле де­ка ми е по­треб­на по­мош и без раз­мис­лу­ва­ње дој­доа да ме пра­ша­ат да­ли ми тре­ба не­што, да­ли ми е по­треб­на по­мош за тоа што го ба­рам, но, се­ка­ко, од­го­во­рив не. Да приз­на­ам, бев мно­гу при­јат­но из­не­на­де­на.

GR4

Ви се до­па­ѓа ли ма­ке­дон­ска­та куј­на?

Со мо­јот со­пруг и при­ја­те­ли­те има­ме ден што го ви­ка­ме вре­ме за бу­рек, ја­дам ба­нич­ка, по­тоа мно­гу го са­кам ма­ке­дон­ско­то тав­че-грав­че, на при­мер, се­кој пе­ток ( се смее), тоа го на­у­чив де­ка е ка­ко дел од ма­ке­дон­ска­та тра­ди­ци­ја. Имам при­ја­тел­ка од Фи­ли­пи­ни ов­де, ко­ја е ма­же­на за Ма­ке­до­нец, и ми до­не­се до­маш­но на­пра­вен ај­вар.

GR6

Има­те ли сло­бод­но вре­ме за да ја истра­жи­те Ма­ке­до­ни­ја?

Не мно­гу, но сум би­ла во Ма­ке­дон­ски Брод, При­леп, мно­гу са­кам да ја по­се­там Би­то­ла. Охрид е град на исто­ри­ја­та, вре­ди да се ви­ди. Сум би­ла и во Кри­ва Па­лан­ка. Са­кам да по­се­ту­вам ту­ри­стич­ки ме­ста ов­де во Ма­ке­до­ни­ја. Сум би­ла и на Ка­ле, на Аква­ду­ктот. Ги по­се­тив и Ма­тка, Вод­но. Мно­гу ми се до­па­ѓа Ста­ра­та скоп­ска чар­ши­ја, та­му мо­же да се ви­ди ка­ко не­ко­гаш се жи­ве­е­ло и тоа е, на­ви­сти­на, оду­ше­ву­вач­ки за чо­век што до­а­ѓа од дру­га зем­ја. Мо­рам да истак­нам и де­ка Скоп­је е мно­гу убав град, ко­га им ка­жу­вав на мо­и­те при­ја­те­ли де­ка ќе дој­дам да жи­ве­ам ов­де ја ба­раа Ма­ке­до­ни­ја на кар­та, но за да им олес­нам им ви­кав де­ка јас ќе жи­ве­ам во зем­ја­та на Але­ксан­дар Ма­ке­дон­ски и то­гаш си­те зна­е­ја за што збо­ру­вам, всуш­ност де­ка одам во зем­ја со бо­га­та исто­ри­ја.

GR7

Ве­ќе сте ма­ке­дон­ска снаа, го учи­те ли ма­ке­дон­ски­от ја­зик?

Поч­нав да го учам ма­ке­дон­ски­от ја­зик пред око­лу еден ме­сец. Не е мно­гу те­жок ја­зик за да се раз­бе­ре. Оваа го­ди­на ќе ја по­све­там на тоа, ми­на­та­та ми бе­ше го­ди­на за адап­ти­ра­ње. Јазикот најм­но­гу го учам пре­ку раз­го­вор со лу­ѓе, учам и да пи­шу­вам.

GR5

Ви не­до­сти­га ли род­на­та зем­ја?

Да, по­не­ко­гаш, ама не тол­ку мно­гу. Мо­же­би ми не­до­сти­га сон­це­то, топ­ла­та кли­ма, се­ка­ко фа­ми­ли­ја­та, при­ја­те­ли­те. Но ја имам под­др­шка­та од со­пру­гот, тој, на­ви­сти­на, го це­ни тоа што јас оста­вив до­ма сѐ и за­ед­но дој­дов­ме да жи­ве­е­ме ов­де. Има раз­би­ра­ње де­ка јас сум таа што тре­ба да се на­вик­не на нив и на со­се­ма по­и­на­ков на­чин на жи­вот. За сре­ќа, тех­но­ло­ги­ја­та е де­нес мно­гу на­пред, па ме­не ми е до­вол­но во те­кот на де­нот да се слуш­нам со не­кој од мо­и­те и да би­дам за­до­вол­на.

GR12

Кои се ва­ши­те пла­но­ви, оста­ну­ва­те ли да жи­ве­е­те ов­де?

Ма­ке­до­ни­ја е мо­јот дом се­га, во ид­ни­на не се знае што мо­же да се слу­чи, но за­се­га пла­но­ви­те се да жи­ве­е­ме и да ра­бо­ти­ме ов­де.

Пишува: К.Н.К

(Текстот е објавен во 240 бр на Неделникот „Република“)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top