| четврток, 6 декември 2018 |

Изложба на фотографии „Елема Монохроматик“

На 10.9.2018 година со почеток од 20 часот во НЛБ Галерија ќе биде отворена изложбата „ЕЛЕМА МОНОХРОМАТИК“. Изложбата е дел од манифестацијата „56ти Денови на македонска фотографија“ 2018 година.

Изложбата настанува во 2012 година, кога по повод 50 години од своето постоење Фото сојузот на Македонија го формираше „Фотомедиа“ клубот и ја состави колекцијата на фотографии од своите членови „Елема Монохроматик“. Така, автори на оваа изложа се членовите носители на безброј награди и признанија.

На 10.9.2018 година за прв пат „Елема Монохроматик“ ќе биде претставена и пред домашната публика. Од 2012 година „Елема Монохроматик“ се стекна со висок углед и веќе неколку години е презентирана во повеќе градови низ Европа:

• Марибор, на манифестацијата „Марибор, европски град на културата“ (2012);
• Сараево, како настан кој отвори меѓународен филмски фестивал (2012);
• Белград, како дел од меѓународна манифестација „Визуализатор“ (2013);
• Кина, како дел од еден од најзначајните светски фотографски настани (2014);
• Прага, во култен изложбен простор (2014) и
• Софија, во галеријата „+Това“ (2016).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top