| четврток, 6 декември 2018 |

Етно културна манифестација во Музеј на Македонија

Во Музејот на Македонија се одржа етно културната манифестација „Ревија на народни носии од Скопскиот регион”  како дел од одбележувањето на 8 септември, Денот на независнота на Република Македонија што го организира Музејот на Македонија во соработка со Здружението на уметници ракотворци „Арти Крафт“  и Град Скопје.

Претседателката на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева, ја отвори изложбата на ракотворби (народни носии, накит и сувенири) и истакна дека ова третпат Град Скопје да ја поддржи оваа манифестација.

„Град Скопје поддржува програми, манифестации, трибини, кои имаат за цел да го поттикнат развојот на старите занаети, меѓу кои е и домашното ракотворење, токму преку промовирањето на нашето богато културно наследство и на традицијата, односно на нашиот фолклор“, рече Јанчева.

Директорот на Музеј на Македонија, Гордан Николов истакна дека итно е потребно да се заштитите умеењето на  изработката во традиционалните знаети за сите предмети кои имаат етнографска културна вредност.

„Умеењета на изработка,  што претставува нематријално културно богатсто, како традиционалниот вез на пример, не е заштиитено и мора итно да се донесат соодветни закони за заштита на нематријалното културно наследство. Музејот на Македонија може да поддржи формирање на центар за негување, зашитита, истражување и промоција на нематеријалното  кулурното наследство, со цел да се заштити умеењето на изработка, а не само предметите. Досега не е доволно направено на овој план и ние, како Музеј на овој начин, прекусоработка со невладиниот сектор и Град Скопје придонесуваме за заштитата на овие културни вредности“, рече Николов.

На крајот пред присутните се обрати и Гордана Митровска, претседателка на ЗУР „Арти Крафт“, која го истакна значењето на овој вид манифестации.

Присутните учесници и гости на манифестацијата имаа можноста да ја видат ревијата на 15 културно уметнички друштва од различно етничко потекло, облечени во носии од Скопскиот регион, да ги видат раскошните ракотворби, да вкусат од традиционалните специјалитети и да уживаат во настапот на Виолета Томовска, доајенката на македонската народна музика и богатата програма на манифестацијата на која учествуваа повеќе од 15 културно уметнички друштва.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top