| четврток, 6 декември 2018 |

Министерот за култура, Асаф Адеми се заложи за изградба на театар во Гостивар

Министерот за култура на Република Македонија, Асаф Адеми денеска се сретна со иницијаторската група, т.е. Комисијата за основање на театарот во Гостивар. На средбата со министерот, според информацијата од Министерството за култура присуствувале режисерот Сулејман Рушити – претседател и Берат Салиу и Арѓент Хасани, членови на Комисијата.

-На овој прв состанок беше договорено дека до 30.09.2018 година, Комисијата да изготви информација до Владата на РепубликаМакедонија за потребата за оснивање на оваа институција. Министерот Адеми изрази подготвеност да помогне на оваа иницијатива, изразувајќи ја добрата волја за реализирање на истата, соопштија од Министерството за култура.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top