Музеј на Македонија со редица настани го одбележува 8 септември, Денот на независноста на Република Македонија.
На 5 септември, 2018 г. (среда) со почеток во 12 часот во Музејот на Македонија (Кино сала) ќе се одржи трибина на тема: „Народната носија од Скопска Блатија и Скопска Црна Гора како дел од носиите на горновардарска етнографска целина“. На трибината ќе говорат кустосите од Музеј на Македонија.
Координатори на настанот се Благоја Тасевски, стручен соработник во Н.У Музеј на Македонија – Скопје и Нада Андоновска, стручен соработник за односи со јавноста.
На 6 септември (четврток) во дворот на Музејот на Македонија ќе се одржи Етно – културната манифестација Ревија на народни носии од Скопскиот регион, во соработка со Град Скопје и Здружението ЗУР „Арти-Крафт“.
Програма:
10,00 – Прошетка со повеќе од 15 Културно уметнички друштва
11,00 – Изложба на ракотворби од членовите на ЗУР „Арти-Крафт“, ќе ја отвори проф. д-р Љубица Јанчева, претседател на Совет на Град Скопје
12,00 – Културно – забавна програма:
-Виолета Томовска
-Ансамбл „Македонија“ – Скопје
-КУД „Вера Јоциќ“ – Македонска Каменица
-КУД „Ѓоко СИмоновски“ – Куманово
-КУД АНПИ „Емин Дураку“ – Скопје
-Здружение на пензионери „Глигор Прличев“ – Ѓорче Петров
– КУД „Српски вез“ – Куманово
– ДМА СРМА – Куманово
– Етно Вешта жена – Тетово
– ЗП Солидарност – Аеродром
– ЗП „Гази Баба“ – Скопје
– Слободанка Китанова, солист – Македонска Каменица
– Стојанка Манова, солист – Македонска Каменица
– Дувачки оркестар „АСАНОВИ“ – Струмица
– Стојанче Костовски – Скопје
14,00 Доделување на награди и благодарници
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Предавање „Ритамот и звукот на Африка“ во Музеј на Македонија
-
„Африканскиот колонијализам и воајеризам: разликата како спектакл“ – предавање на Илина Јакимовска во Музеј на Македонија
-
Модна ревија во Музеј на Македонија „Made in Macedonia: Почетоци и еволуција“
-
Отворање на изложбата „Духовите на Африка – Ритуална западноафриканска уметност“