Премиерот Зоран Заев ја почна теренската кампања во пресрет на референдумот и патува низ градовите да ги убеди граѓаните дека треба да гласаат ЗА договорот со Грција и промена на уставното име на Република Македонија.
Но, наместо тој да им ја пренесе на граѓаните пораката која сакаше да ја каже, се соочи со пораката која граѓаните му ја испратија нему.
Денес во 18 часот, во Кочани, Заев се обрати на отворена трибина, каде сигурно очекуваше поддршка од граѓаните. Спроти него, од градот со 25.000 жители, застанаа едвај 200 граѓани. Толку жители на Кочани сакаа да ги слушнат зборовите на премиерот пред референдумот.
Целата општина, инаку, брои околу 35.000 граѓани, а само во Кочани живеат 25.000. Тоа значи дека денес дојдоа да го слушнат говорот на Заев само високите членови на партијата и неколкумина граѓани кои СДСМ ги вработи откако дојде на власт.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.