| четврток, 6 декември 2018 |

Владата го купи СОНК со минималец: Најниската плата во основно е 12.714 денари, а во средните училишта, 13.117 денари

Откако независниот синдикат за образование излезе на и се пожали дека доцнат платите во образовниот сектор и дека на 18 август сѐ уште немаат земено плата, Министерот за образовани и наука, Арбер Адеми и претседателот на Самостојниот Синдикат за образование, наука и култура (СОНК), Јаким Неделков, во присуство на Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, денеска, во Владата на Република Македонија, потпишаа спогодба со која се утврдува покачување на платата за просветните работници во основното и средното образование.

На овој начин власта пред референдумот сака СОНК да го одврати од протести, кои беа најавени.

Спогодбата за зголемување на основицата за утврдување најниска плата во образованието за 5 отсто на просветните работници е одлука донесена на вчера-одржаната седница на Владата на Република Македонија.

Независниот синдикат тогаш побара од Министерството за образование и наука и општините да одговорат зошто се деградираат работниците во образовниот сектор. Велат дека немаат дополнителни хонорари и надоместоци, па за нив платата, за која сметаат дека ниска и под просекот, претставува единствената егзистенција.

-Непристојно е за земја која има претензии да стане членка на Европската Унија, работниците да молат да ја добијат нивната чесно заработена плата, рече на пред конференцијата одржана на 18 август Томислав Гиевски, претседател на независниот синдикат.

Инаку со денешната спогодба е утврдена најниската плата за најнизок степен на сложеност за вработените во основните училишта која ќе изнесува 12.714 денари, а во средните училишта, 13.117 денари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top