Министерот за култура на Република Македонија Асаф Адеми се сретна со добитникот на признанието „Златен венец“ за 2018 година, полскиот поет Адам Загајевски.
На состанокот, министерот Асаф Адеми му честиташе на г. Загајевски за неговиот придонес во поетската сфера во рамки на фестивалот „Струшки вечери на поезијата„. Исто така, Асаф Адеми рече дека сите ние треба да се залагаме заеднички да ја зачуваме и штитиме вредноста на овој фестивал. Меѓу другото, министерот Асаф Адеми и добитникот на наградата „Златен венец„ Адам Загајевски разменија подароци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.