Полскиот поет Адам Загајевски е годинешен лауреат на високото поетско признание „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата.
Тој веќе е пристигнат во Струга каде вечерва свечено ќ биде отворено 57. издание на поетскиот фестивал, а традиционалното садење дрво се случи утринава во паркот на поезијата.
Подоцна ќе се одржи прес-конференција со лауреатот, кој по повод добиената награда рече:
Во писмото испратено до СВП, лауреатот им се заблагодарува на поетите од Македонија и се радува оти и тој ќе фигурура помеѓу поетите на кои им се воодушевува, на кои поетите , како што вели тој, не им е достоен.
„За среќа никој сам не си доделува награди и мораме да им веруваме на тие кои пишуваат до нас добри зборови.
Никогаш досега не сум бил во Струга – но не треба да се биде таму физички, за да се знае легендата за тој фестивал и таа награда, за да се знае колку посебна е листата на одликувани поети. Исто така, очигледно е дека тука нема место за политички критериуми, се смета само убавата поетска уметност.“
фото/видео: СВП
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Почина албанскиот поет Фатос Арапи, добитник на „Златен венец“ на СВП
-
Загајевски стана почесен член на Друштвото на писатели на Македонија
-
Министерот за култура Асаф Адеми се сретна со лауреатот на СВП, Адам Загајевски
-
„Струшки вечери на поезијата“ денеска во Скопје: Наместо пред Камениот мост поетите ќе читаат во Даут-пашин амам