Утре, 30-ти Август (четврток) во 20 часот во НЛБ Галерија, пред македонската јавност премиерно ќе биде претставена изложбата: „Актуелен МОМЕНТ во македонската современа фотографија“.
Оваа изложба изминативе неколку години успешно ги претстави современите македонски фотографски текови надвор од земјата. Меѓу другото, изложбата гостуваше во Словенија, Град Његова, во еден од само неколкуте постојани галерии на светската фотографска асоцијација ФИАП и во Лесковац, во рамки на Фотографскиот самит на бившите југословенски рапублики, во склоп на Денови на Српска фотографија во Чачак. Сега, истата конечно ќе можат да ја видат и љубителите на фотографијата и во Македонија. Споменатата изложба е дел од овогодишните 56-ти „Денови на македонска фотографија“
-Уметничката фотографија во Македонија има своја традиција и историја. Бидејќи до денес македонската фотографија не е комплетно обработена, ФСМ се труди да ги обработи актуелните збиднувања во фотографијата. Во Македонија фотографија создаваат многу автори со различни опсервацији, техники и идеи. Тие се организирани преку клубовите или како самостојни автори во рамките на ФСМ. Разноликоста во творештвото во фотографијата претставува креативно богатство и придонес кон културното творештво на Република Македонија. Изложбата „Момент“ е селекција од 30-тина автори кои го предвизвикуваат нашето внимание во овој АКТУЕЛЕН МОМЕНТ, и нашата цел е оваа селекција во иднина да ја прошируваме со нови автори и нови дела, велат од Фото Сојуз на Македонија
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.